(Кога викаат: „Човек во морето“...)

17.07.2019 11:49

 

Кога викаат:
          „Човек во морето“,
Океански брод, огромен, како куќа,
Одеднаш застанува.
И човекот
         со јажиња го ловат.
А кога душата човекова е во морето,
Кога тој се гуши
         од ужас
         и очајание,
Тогаш дури ни неговата куќа
Не застанува
         и плови понатаму.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото