Велосипедот-скулптура кој ја симболизираше кражбата на велосипеди остана без волан и седиште

19.07.2019 13:16
Велосипедот-скулптура кој ја симболизираше кражбата на велосипеди остана без волан и седиште

Во последните 10 години се украдени над 70.000 велосипеди, односно на скоро секој велосипедист му е украден најмалку по еден велосипед.

Пред речиси еден месец, Центарот за современи уметности – Скопје спроведе урбана уметничка акција во која постави огромен велосипед кај зградата на Службен весник. Целта на акцијата беше да ја подигне видливоста на проблемот со крадењето велосипеди во државата, кој опфаќа преку 150.000 граѓани кои го користат велосипедот како превозно средство.

Но на Твитер беше објавена фотографија која покажува дека скулптурата остана без седиштето и воланот.

„Во последните 10 години се украдени над 70.000 велосипеди, односно на скоро секој велосипедист му е украден најмалку по еден велосипед. Полицијата засега не е успешна во оваа борба и се пронаоѓа секој 1000-ти велосипед“, напишаа активистите кога ја поставија скулптурата во центарот на Скопје. 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото