Тајниот јазик на дрвјата

20.07.19 00:57

Дрвото што некого трогнува до солзи од радост, во очите на други е само нешто зелено што стои на патот", напиша Вилијам Блејк во неговото најубаво писмо. Волт Витман во дрвјата виде модел на егзистенцијална автентичност. Херман Хесе ги нарече најмудрите учители. Вангари Матаи ја доби Нобеловата награда за нејзината благородна работа на садењето дрвја како отпор и стекнување моќ.

Но, дрвјата се многу повеќе од она што претставуваат за нас, или што се во однос на нас. Тие сами за себе се релациони чуда, заплеткани во сложени, симбиотички мрежи на интерпостоење, постојано комуницираат едни со други преку хемиски сигнали испратени по должината на габичните мрежи кои живеат во нивните корени - невидливо, зачудувачко подземје неодамна откриено, благодарение на работата на канадската научничка и екологистка Сузан Симар (Suzanne Simard)

Во оваа прекрасна кратка анимација од аниматорот Avi Ofer и Camille Defrenne - една од докторантите на Симард од Универзитетот во Британска Колумбија, се зборува за тоа како интеракцијата и архитектурата на коренските системи влијаат врз динамиката на шумите и климатските промени. Филмот ги синтетизира фасцинантните наоди на лабораторијата на Симард.

„Да, дрвјата се основата на шумите, но шумата е многу повеќе од она што го гледате ... Подземјето е сосема друг свет - свет на бесконечни биолошки патишта кои ги поврзуваат дрвјата и им овозможуваат да комуницираат и да дозволат шумата да се однесува како да е единствен организам. Тоа може да ве потсети на еден вид на интелигенција“, вели Симар.

Извор: brainpickings.org