Герила акција на #НаТочак

24.07.2019 02:10
Герила акција на #НаТочак

Транспаренти со пораките „Избери точак, одглави се“ и „Не си заглавен во сообраќај, ти си сообраќај“, се појавија во центарот на Скопјe.

Станува збор за акција на иницијативата НаТочак, која ја споделија на своите профили на социјалните мрежи.

„Понекогаш си заглавен во сообраќај,
но понекогаш во твојот избор.
Избери точак. Одглави се!“

НаТочак се поддржувачи на велосипедскиот сообраќај во Скопје. Тие се познати по заложбите за подобра велосипедска инфраструктура и одржлив транспорт.

 

ОкоБоли главаВицФото