Сан Франциско (фотографии)

08.08.2019 13:26
Сан Франциско (фотографии)

Сан Француско е инспиративен град. Особено за фотографирање. Океанот, пурпурните зајдисонца, архитектурата (стаклените згради кои рефлектираат други стаклени згради), слободата, опуштените луѓе, заљубените парови...

Она што таму го гледав водеше постојана борба со моите обиди да останам строг посматрач и да се воздржувам од клише естетиката и бомбоњерските кадри. Но, одамна научив дека моите фотографиите треба да содржат и воздишки и восклици. Затоа серијава на места е и емотивна и е „упад“ на фотографот во сцената. Преку фотографиите учествував во животот на градот, и го запознавав. Не ме интересираа неговите формални знаменитости кои го дефинираат како главен град, туристичка дестинација итн. Поважни ми беа зраците светлина, аномалиите, прекршувањата, фатените мигови, обичните луѓе.

Фотографииве се направени во периодот од фебруари до јули 2018 година. (Иван Илиев)

Иван Илиев