Архитектура за доаѓањето на вонземјаните?

01.11.2010 12:46
Архитектура за доаѓањето на вонземјаните?

Неговото дело го виделе само мал број луѓе. Чудак, најголемиот жив непознат американски уметник – се само некои од етикетите кои му се лепат на Џејмс Меги, кој неколку десетлетија во пустините на Тексас работи на своето големо дело кое се наоѓа на границата меѓу скулптурството и архитектурата.

Роден е во 1947 г., во гратчето Мичиген, а по студиите заминал во Европа и една година во Париз работел за американската скулпторка Керолин Ри. Следните десет години ги поминал во Њујорк, работејќи како професор, таксист и други професии.

Потоа заминува во Тексас и работи на нафтените бушотини. Но напоредно и’ се посветува и на уметноста. Станува сликар. А се испробува и во книжевноста, филмот и видеото. Но она што го издвојува е неговото животно дело, „The Hill“ (Ридот), на кое работи 30 години, а како што вели, за завршување на истото ќе му требаат уште барем 15.

На површина пд 2000 хектари Меги осмислил и изградил четири подеднакви и големи меѓусебно поврзани згради. Во секоја од нив се влегува низ масивна железна порта, а во неа се наоѓаат џиновски инсталации.

Оние што го посетиле „Ридот“ тврдат дека тоа е „чудесен простор“ кој тешко може да се дефинира. Загадочноста се зголемува поради тоа што „делото во процес на настанување“ е затворено за јавноста, за разлика од сличните потфати на другите уметници.

Во разговорот за Wall Street Journal, во пресрет на излегувањето на книгата и првата негова голема изложба, Меги изјави дека воопшто не му е грижа што ќе се случи со неговото уметничко и животно дело по неговата смрт.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото