1029 hPa
93 %
-5 °C
Скопје - Пон, 15.12.2025 02:59

Многумина од нас во своите домови или работни места имаат десетици, па и стотици компакти дискови, носачи на информации кои постепено ја губат својата функција во борбата со поновите и поиновативни соперници.
Како да се искористат нефункционалните стари дискови на интересен начин ни покажуваат француската уметничка Елиз Морин и архитектот Клеменс Елијар. Оваа авторска двојка е заслужна за инсталацијата со наслов „Wastelandscape“ (Пејзаж на ѓубриште), ридовита пејзажна скулптура составена од дури 65 000 диска.


Нивната инсталација, која се протега на 500 квадратни метри, е изработена од рачно споени дискови, а се доживува како еден вид метални дини кои излегуваат од подните плочки на просторната сала на париската Halle D’aubervilliers. Како што објаснуваат самите творци на инсталацијата, одразувачката структура го открива естетски и исклучително вредниот аспект на овој мал секојдневен предмет.


Нивната инсталација е замислена како изложба која може да се поставува на различни местоположби и соодветно на тоа да се преобразува за да одговара со секој нов простор.

Извор: pogledaj.to