Куќи што летаат

02.11.2010 11:30
Куќи што летаат

Кревањето на семејните куќи во воздух е необичното хоби на уметникот Питер Гарфилд.

Фотографиите што можете да ги видите повеќе изгледаат како незгода во филмската верзија на популарниот цртан филм „Up“ кој минатата година освои Оскар за најдобар долгометражен анимиран филм, отколку како искрени и реалистични фотографии кои го бележат точно она што и го прикажуваат, семејна куќа во распаѓање или пад.

За да ги добие снимките за својата серија фотографии наречена Mobile Homes, уметникот Питер Гарфилд поминува низ цел еден процес подготовки кои вклучуваат вистински дигалки, како и ангажман на професионалци и мајстори.

Заедно со својот тим, откако ќе ја „изградат“ главно дрвената куќа, ја креваат со дигалка и потоа ја пуштаат, а Гарфилд при падот ги документира „летечките“ објекти. Фантастичните фотографии на куќите во воздух, куќи кои изгледаат како вообичаен дом на просечно американско семејство, се доживуваат како последица на ураган или некоја друга природна катастрофа.

Со сличен принцип на работа овој уметник се користеше и за серијата насловена Harsh Reality, кадешто исто така ги фотографираше куќите во воздух, но овојпат нивните елементи, како што се ѕидовите, прозорците и вратите, кои се распаѓаат како да се дел од некоја експлозија.

Извор: petergarfield.net

ОкоБоли главаВицФото