Со трансплантација на нерви успеала да ја врати функцијата на екстремитетите кај квадриплегичари

05.09.2019 10:34
Со трансплантација на неври успеала да ја врати функцијата на екстремитетите кај квадриплегичари

Наташа ван Зил

Наташа ван Зил, хирург вработен во Мелбурн, води истражувачки проект кој е заслужен за овој успех. Пациентите сега можат да држат лажица, да пишуваат, да дофатат предмети и да ги испружат рацете до рамениците, што многу им го олеснува користењето инвалидски колички и генерално го подобрува квалитетот на животот.

Трансплантацијата не е нова операција, но досега не беше успешна кога станува збор за повредите на рбетниот мозок. Ван Зил веќе вршела трансплантација на нерви при повреда на брахијалниот плексус и се прашала зошто истата операција не е тестирана на пациенти со парализа.

Нервите се вадат од рамениците и се трансплантираат во парализираните мускули на рацете така што ја премостуваат повредата и потоа се спојуваат со рбетниот мозок. Оваа операција била извршена кај десет пациенти. Четири трансплантации на нерви кај три пациенти не успеале, но хирурзите објаснуваат дека како „план Б“ може да се изврши трансплантација на тетивите.

Ван Зил и нејзиниот тим во 2014 година осмислиле трикратна трансплантација на нерви, а досега извршиле околу 160 трансплантации. Резултатите од проектот се објавени во ценетото медицинско списание The Lancet во јули годинава.

Извор: https://voxfeminae.net

ОкоБоли главаВицФото