Нова вакцина која ги поништува ефектите на сите претходни

19.09.2019 12:35
Нова вакцина која ги поништува ефектите на сите претходни

 
 Во аптеките ширум земјата од утринава може да се купи вакцина која во рок од 24 часа после примањето ги поништува ефектите на сите претходно примени вакцини во животот.

Овој револуционерен изум е наменет за сите оние кои се веќе вакцинирани, но денес, во светлина на различните информации за можните штети од вакцините, веќе не се сигурни дали сакаат вбризгaните супстанци уште да им бидат во телото.

„На оние кои допрва треба да се вакцинираат им е лесно бодејќи можат да одлучат дали го сакаат тоа или не. Оние кои се веќе вакцинирани се практично ставени пред свршен чин. Така беше досега, но новите вакцини ќе ги поништат ефектиtе на примените вакцини кај сите оние кои досега ги примиле и така ќе ги ослободи од стравот дека со нив нешто не е во ред или дека можат да се разболат од тоа“, вели фармацевтот Дејан Здравковски.

Новата вакцина, под името „Невакцина“, во слободна продажба ќе чини 500 денари и ќе може да го поништi дејството на сите познати вакцини, вклучително и на „ММР“ на „Пентаксин“. „Невакцината“ исто така ќе му даде на организмот имунитет на вакцинација, што практично значи дека примателот веќе нема да биде загрозен дури и ако во неговата околина дојде до епидемија на вакцини.


Извор: www.njuz.net