Куклите на Мари Шимицу

02.10.19 00:34

Кога ги гледате имагинативните кукли на Мари Шимицу (Mari Shimizu) не можете да одлучите дали се слатки или морничави. Иако однадвор се привлечни, во своите стомаци кријат мрачни и настрани светови.

Овие кукли се направени од традиционални јапонски материјали, органска свила и коса од животни, и се резултат на вештината на мајсторите од Амакус Кумамото во Јапонија. Инспирирани се и од надреализмот, особено од скандалозните дела со кукли на Ханс Белмер.

Шимицу ги истражува митологијата, религијата смртта и природата. „Телото наликува на реченица која се чини дека нè повикува да ја разложиме на буквите што ја сочинуваат, така што нејзиното вистинско значење може секогаш одново да се открива преку бескрајна низа на анаграми“, вели Шимицу.

Извор: demilked.com

ОкоБоли главаВицФото