Музеј на камења што личат на лица

29.01.20 11:08

На два часа возење североисточно од Токио се наоѓа Музејот на камења што личат на човечки лица и животински форми. Музејот се вика „Чинсекјан“ (Chinsekikan) што на јапонски значи чудни камења. Збирката на музејот брои околу 1700 камења, од кои 900 личат на човечки лица, меѓу кои и на познати личности како Елвис Присли, Исус и други.

Музејот го основал Шозо Хајама (Shozo Hayama), кој со години ги собирал овие камења. Откако починал во 2010 година, музејот го води неговата сопруга Јошико. Геолозите објаснуваат дека антропоморфните облици на камењата се должат на временските прилики и на одредени минерали.

Извор: zmescience.com

Слични содржини

Психологија / Стрип / Око
Фотографија / Уметност / Око
Свет / Екологија / Око
Екологија / Живот / Око
Фотографија / Око
Фотографија / Око

ОкоБоли главаВицФото