Голата Вистина

11.10.2019 14:38
Голата Вистина

 Според легенда од 19 век, еден ден се среќаваат Вистината и Лагата. Лагата ѝ вели на Вистината: „Прекрасен ден!“ Вистината погледнува кон небото и воздивнува, оти денот бил навистина убав. Минуваат многу време заедно и конечно стигнуваат до еден бунар.

Лагата ѝ вели на Вистината: „Водата е многу пријатна, ајде да се бањаме!“ Вистината, повторно сомничава, ја проверува водата и гледа дека е навистина пријатна. Се соблекуваат и влегуваат да се бањаат. Одеднаш, Лагата излегува од водата, ја облекува облеката на Вистината и бега. 

Бесната Вистина излегува од бунарот и секаде се растрчува за да ја пронајде Лагата и да си ја земе облеката назад. Светот, гледајќи ја Вистината гола, го трга погледот од неа, со презир и бес.

Кутрата Вистина се враќа во бунарот и засекогаш исчезнува, криејќи го таму својот срам.

Оттогаш, Лагата патува по светот облечена како Вистина, задоволувајќи ги потребите на општеството, бидејќи светот, во секој случај, нема никаква желба да се сретне со голата Вистина.

Насловна слика: „Вистината излегува од бунарот“ од Жан-Леон Жером, 1896.

Извор: https://masscentral.com

Слични содржини

Книжевност / Уметност
Книжевност / Стрип / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Живот / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Книжевност / Уметност / Настан
Фотографија / Книжевност / Уметност / Настан

ОкоБоли главаВицФото