1027 hPa
70 %
7 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 08:59
Во рамки на фестивалот за детска книжевност Друга приказна: Грозовилата во Страшната шума, на 04 септември (петок) и 05 септември (сабота) во паркот пред платото на МКЦ Скопје ќе бидат одржани две работилници за деца.
Работилниците се бесплатни, но поради ограничениот број на учесници пријавувањето е задолжително.
Подолу можете да ги прочитате деталните описи на двете работилници.
На настаните ќе бидат строго почитувани сите здравствени протоколи и сите учесници ќе бидат детално известени за истите.
Погледнете ги и останатите настани за деца и возрасни на фестивалот (читања, концерти, претстави, изложби...) во фестивалската програма
Ликовна работилница за цртање и илустрирање на Грозовилата
Ликовна работилница за цртање и илустрирање на ликот Грозовилата (самовилата), девојчето во Страшната шума, наменета за деца на возраст од 6+ години.
Во ликовната работилница:
Ќе слушаме прекрасни приказни и ќе се заблажиме со чајни колачиња и ќе прославиме.
Подготвени за цртање и сликање се гледаме во паркот пред платото на МКЦ
петок, 4ти, септември, време 17:00-18:30
Програма за работилницата:
17:00-17:15-Пречек
17:15-17:30-Вовед во работата
17:30-18:15-Илустрирање (цртање и сликање на Грозовилата)
18:15-18:30 - Избирање на најдобрите цртежи, подарок сликовница за сите учесници
Максимум број на деца: 15
Пријавата е задолжителна на следниот маил:
nesovskidoro@gmail.com
*Настанот строго ќе ги почитува сите здравствени протоколи и сите учесници ќе бидат детално известени за истите.
***
Еден ден нешто чудно се случува во Страшната шума. Со балон, на кој наместо кошница виси чајник, долетува едно непознато суштество. Мало е и мошне налутено. Облечено е во летно фустанче и носи шапка низ која наѕираат рокчиња. Тоа е Грозовилата, страшната самовила! Сите животни во Страшната шума се зачудени и возбудени од оваа неочекувана посета...
Грозовилата и нејзините пријатели ќе ги поведат децата на игриви и поучни авантури. Оваа приказна за пријателството и детските игри не е само топло и возбудливо четиво за децата, туку и за нивните родители.
Грозовилата приредува книжевна чајанка
Книжевна чајанка за деца, наменета за деца на возраст од 6+ години.
На чајанката децата ќе слушаат приказни, ќе читаат и ќе разговараат за книги, заедно со чајчиња и колачиња.
Се гледаме во паркот пред платото на МКЦ
сабота, 5-ти септември, 18:00-19:30 часот
Максимум број на деца: 15
Пријавата е задолжителна на следниот маил:
nesovskidoro@gmail.com
*Настанот строго ќе ги почитува сите здравствени протоколи и сите учесници ќе бидат детално известени за истите.
***
БУМ, врз носот на Грозовилата наеднаш долета нешто тврдо. Тоа беше голема корица од стара книга.
П-Р-И-К-А-З-Н-И, прочита и ја пикна корицата под пазувите. Потоа долета и куп хартија. Приказните ќе ги споделам со другарчињата, заклучи.
Од фиоката ги извлече виолетовите листови. На нив напиша љубезни пораки.
Драг ежу, мил дождалецу, почитувана дива свињо,
В сабота ве канам на книжевна чајанка под мојата бука. Ќе ја откачиме месечината од небото, ќе јаваме змејови и ќе фаќаме птици за опашки
Со љубов,
Грозовилатa