„Фини деца со сликовници“ – книжевен настан на Темплум

28.06.2021 12:14
„Фини деца со сликовници“ – книжевен настан на Темплум

 

  Темплум ве поканува на книжевен настан за деца (и возрасни) „Фини деца со сликовници“ што ќе се одржи во четврток, на 1 јули, во МКЦ во Скопје. Програмата ќе започне во 18:30 часот.

Ќе промовираме три нови книги за деца и ќе одржиме креативни работилници со рециклирани материјали. Ќе имаме и детска музичка програма и мало саемче на книги.

Настанот ќе започне со промоција на сликовницата Споменик од песни - избор песни од Видое Подгорец, еден од најважните македонски автори за деца, извонредно илустрирани од Ване Костуранов. Ова е воедно и првата книга во новата едиција сликовници на Темплум „Старо купувам“, која има за цел да ги спои старите и новите автори, класичните вредности со актуелните.

Ќе продолжиме со промоција на книгата поезија Девет преобразби во чудната шума од Пандалф Вулкански, придружени со илустрации од култниот јапонски илустратор за деца Такео Такеи.

Разговорите со Вулкански и Костуранов ќе ги води Исток Улчар.

Во 20 часот ќе се одржи промоција на сликовницата „Морис и фустанот со боја на мандарина“ од канадските авторки Кристин Балдачино и Изабел Маланфан. Премиерно ќе биде прикажана кратка анимирана видео сликовница според книгата, во обработка на Кети Талевска, со музиката на Алембик. За книжевните и развојните аспекти на сликовницата ќе разговараат Марија Бошковска, Ана Блажева и Фросина Крушкаровска.

Креативните работилници со рециклирани материјали со Доротеј Нешовски и Ненад Тонкин ќе започнат од 18:30 часот и ќе бидат наменети за деца од сите возрасти. Децата ќе изработуваат куќички за птици и колажи од рециклирани материјали и ќе цртаат.
Во духот на рециклирањето („Старо купувам“) ќе имаат можност да ги донесат своите стари играчки и да ги разменат или донираат во хумани цели.
Пријава и информации за работилниците на мејлот: nesovskidoro@gmail.com

Во кратката музичка пауза ќе се потсетиме на изведбите од минатогодишниот концерт „Мојата омилена песна за деца“. Ќе има и мало саемче на книги за деца, со изданијата на Темплум, Сказнувалка, Гаврош.
Водителка на настанот ќе биде Матеја Јанковска.

ПРОГРАМА

Водителка и старо купувачка: Матеа Јанковска

18.30 – 19.30
Промоција на сликовницата „Споменик од песни“ - поезија од Видое Подгорец, илустрирана од Ване Костуранов.

Книгава е прва во новата едиција „Старо купувам“ која ги спојува старите и новите автори, на класичните текстови им дава ново, модерно руво.
Песни чита: Ивана Павлаковиќ

Промоција на збирката песни „Девет приказни во чудната шума“ од Пандалф Вулкански со илустрации од јапонскиот илустратор за деца Такео Такеи.
Песни читаат: Пандалф Вулкански и Ивана Павлаковиќ

Разговор: „Фини деца со сликовници“
Учесници: Ване Костуранов, Никола Гелевски, Исток Улчар


19.30 – 20.00

Детска музичка програма


20.00
Разговор и промоција на сликовницата „Морис и фустанот со боја на мандарина“ од канадските авторки Изабел Маланфан и Кристин Балдачино.

Прикажување на кратка анимирана сликовница според книгата
Видео-обраќање на авторките на сликовницата
Учеснички: Фросина Крушкаровска, Тијана-Ана Спасовска, Марија Бошковска, Ана Блажева


ПРИДРУЖНА ПРОГРАМА (18.30 – 21.30)

Детски работилници за рециклирање за сите возрасти:
-цртање
-изработка на куќички за птици од рециклирани материјали
-изработка на колажи од рецилирани материјали

Аниматори: Доротеј Нешовски и Ненад Тонкин
Пријавување: nesovskidoro@gmail.com 

Размена и донации на стари играчки
Донесете ги своите стари играчки за нови авантури

Малo саемче на книги за деца (Темплум, Сказнувалка, Гаврош)

***
Влез: бесплатен

Организација: Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска, Срѓан Јаниќиевиќ
Видео тизер и други промотивни материјали за настанот: Ивона Ѓорѓијовска