Друга приказна #5: ГРОЗОВИЛАТА ВО СТРАШНАТА ШУМА

21.08.2020 17:46
Друга приказна #5: ГРОЗОВИЛАТА ВО СТРАШНАТА ШУМА

Друга приказна #5

ГРОЗОВИЛАТА ВО СТРАШНАТА ШУМА
фестивал на детската книжевност

03.-05. септември, Младински културен центар, Скопје


Од 3 до 5 септември ќе се одржи петтото издание на книжевниот фестивал Друга приказна, под наслов: Грозовилата во страшната шума (според истоимената книга на Јана Бауер).

Јана Бауер од Словенија е добитничка на главната награда, а фестивалот е посветен на книжевноста за деца. 

Во трите фестивалски денови предвидени се десетина настани, од кои повеќето се со и за деца.


ПРОГРАМА 

(*Фестивалот ќе ги почитува сите здравствени протоколи за одвивање на културни настани; за деталите накнадно.)

03.09.20. (четврток)

19.00. - ГРОЗОВИЛАТА ПРИСТИГНУВА ВО СТРАШНАТА ШУМА 

Промоција на списанието МАРГИНА 92 (комплетно детски број); 
промотор: Никола Гелевски

19.30. - Отворање на изложбата ПЕТ ГОДИНИ ДРУГА ПРИКАЗНА; 
промотор: Владимир Јанчевски;
фотографии изложуваат: Ванчо Џамбаски, Јелена Белиќ, Драги Неделчевски Небојша Гелевски, Жарко Трајаноски и Наташа Гелева

20.00. - ОВДЕ ПАЃААТ КРУПНИ ЗБОРОВИ; книжевен натпревар со творби за деца;

учествуваат: Николина Андова Шопова, Калина Малеска, Ана Голејшка Џикова, Владимир Лукаш, Владимир Мартиновски, Петар Андоновски, Билјана Црвенковска, Снежана Стојчевска, Д. А. Лори, Ана Аврамовска, Николина Ќорвезироска, Катерина Трајановска...; водител: Ѓоко Здравески


 

04.09.20. (петок)

17.00. - КАКО ИЗГЛЕДА ГРОЗОВИЛАТА?; деца ја цртаат Грозовилата; 

аниматор: Доротеј Нешовски 
(задолжително пријавување: nesovskidoro@gmail.com)


18.30. -ГРОЗОВИЛАТА ГО СКРОТУВА ДИВИЛОТО; разговор за книжевноста за деца во С. Македонија;
учествуваат: Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска, Ване Костуранов, Билјана Црвенковска и Марија Тодорова 

20.00. - ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЈАНА БАУЕР, добитничка на главната награда на фестивалот

- Сценско-театарски ПРИКАЗ НА ГРОЗОВИЛАТА; 
режија:
Нела Витошевиќ

21.00. – ТEATAР НА СЕНКИ - Наш мал театар
„Заробената љубов“ (16 мин; за сите возрасти)
„Девојчето со дрвото во портокаловото кралство“ (20 мин; за публика над 6 години)



05.09.20. (сабота)

18.00. ГРОЗОВИЛАТА ПРИРЕДУВА КНИЖЕВНА ЧАЈАНКА;разговори за книги со деца; 
аниматори: Биљана Црвенковска, Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска, Искра Димковска, Симона Спировска...
(задолжително пријавување: nesovskidoro@gmail.com)

20.00. Концерт: МОЈАТА ОМИЛЕНА ПЕСНА ЗА ДЕЦА;изведувачи: Абе Ана Човече, Ива Дамјановски, Долорес Поповиќ, Хана Корнети, Јоана Ристеска, Џијан Емин, Оливер Јосифовски, Ненад Тонкин, Лукаш & Јовановиќ, Харикли & Лукаш, Сашко & Олег Костов, Сецко & Исак Хаџиќ...; водителка: Теа Шалдева

 

НАПОМЕНА

Сите три дена, од четврток до сабота, од 17 до 22 часот, на платото пред МКЦ ќе се продаваат книги за деца на издавачите: Темплум, Артконект, Чудна шума, Гаврош, ПНВ Публикации, Сказнувалка и Бегемот.

 

Фестивалот го организира книгоиздателството Темплум.

Редакција на фестивалот: Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска и Доротеј Нешовски. 

Автор на плакатот за фестивалот: Ѓорѓе Јовановиќ.

Маркетинг: Сања Георгиева

Фестивалот го поддржаа: ТРАДУКИ и Министерството за култура на Република Северна Македонија 

Слични содржини

Книжевност / Уметност / Настан
Книжевност / Култура / Музика

ОкоБоли главаВицФото