За ова се боевме?

16.10.2019 16:22
За ова се боевме?

 

Се гледаат Собранието и Триумфална и се прашуваат:
за ова ли се боевме?

 

А што ако Македонија е затвор без решетки?
Лежи си де, само гласно размислувам.

 

Правдата излезе на виделина и ослепе од светлоста.

 

Пред вратата на СЈО најдени пердуви од Чарлиеви ангели.

Состојбата во Македонија е трагихронична.


Слушам економската криза напредувала во вид на спирала...
Или барем така кружи меѓу народот.


Фабрика прашува ѕидар:
„Како ми стои политичаров пред хала?”
„Некако многу те затвора” - вели ѕидарот.

Две свињи се кандидираат за пратеник и бираат носители на глиста.
„Џабе ќе бираме, сите се чисти" – се согласија и тргнаа да се прпелкаат во калта.

 

Сцена 1

Се слуша последниот повик за укрцување на Ноевата арка. Ное нервозно вика по посадата да се причекаат уште Македонците за да се спасат од претстојниот потоп.


Сцена 2

Македонци заковани пред екрани следат прес на корумпирани политичари фатени во национална афера.

 

Македонија, 2040
...и тој ден луѓето од владата сфатија дека тие се единствените останати во државата, но не можеа да направат ништо околу тоа зашто беа зад решетки.


Слики: Брадестиот Џо

ОкоБоли главаВицФото