Предвремени избори на 12 април

21.10.2019 08:10
Предвремени избори на 12 април

Предвремени избори на 12 април, а техничка Влада на 3 јануари. Ова е договорот од вчерашната лидерска средба во вилата Водно меѓу лидерите на шесте политички партии.

„Нашиот предлог беше 22 или 23 декември, за брзо време кога не се случува ништо драматично. Имаше реакции од присутните, особено од опозицијата. Потоа ги разгледувавме другите опции и утврдивме дека пред велигденксите празници, 12 април е датумот кој најмногу одговара. Постигнавме консензус. Нека ни е со срека на сите, на граѓаните, и ние политичарите ќе ја водиме нашата земја“, изјави премиерот Зоран Заев.

„Во детали разговаравме за најдобриот можен момент за предвремени парламентарни избори. Исто така, оценивме дека од наш заеднички интерес е да почекаме да се ратификува Протоколот за НАТО од земјите членки, коишто се уште го немаат ратификувано и исто така се договориме и нашето Собрание да го ратификува Протоколот и да го усвои Законот за одбрана. Откако ги исцрпивме сите аргументи, заеднички одлучивме да ги одржиме предвремените парламентарни избори на 12 април следната година. Битно е изборите да се демократски согласно сите стандарди и да победи најдобриот, порача Ахмети.“, изјави Али Ахмети, лидерот на ДУИ по лидерската средба.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкиоски, пак, најави предвремени избори, по кои како што посочи, ќе следи обнова на државата.

„На 12 април следуваат предвремени избори, по што победува нашата коалиција, и потоа засукување на ракави и работа и само работа за да се стави оваа земја на брза лента за Европската Унија“, изјави Мицкоски.

Иницијатор на лидерската средба беше претседателот Стево Пендаровски откако државата не доби датум за преговори за членство во Европската Унија на самитот на Унијата во Брисел.

Фотографија: Прес служба на претседателот Стево Пендаровски

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото