80 години од објавувањето на „Бели мугри“

25.11.2019 15:02
80 години од објавувањето на „Бели мугри“

Денеска (25 ноември) се навршуваат 80 години од објавувањето на една од најпознатите збирки поезија во македонската книжевност. Станува збор за „Бели мугри“ на македонскиот поет и еден од основоположниците на современата македонска литература Кочо Рацин, објавена во 1939 година во Самобор близу Загреб.

Збирката „Бели мугри“ има 12 песни напишани на велешки дијалект во кои доминираат социјалните и револуционерните теми. Била издадена во тираж од 4000 примероци. Насловот е симболичен – означува ново утро, нов почеток кој бил посакуван од работниците, аргатите, експлоатираните луѓе, а создадена е под влијание на народната поезија, како и на „Зборникот“ на браќата Миладиновци.

Повеќе за Рацин, видете овде.

 

Извор: Youtube

ОкоБоли главаВицФото