Медиум на друм (13): Што е јавна телевизија

18.12.2019 15:17
Медиум на друм (13): Што е јавна телевизија

ШТО Е ЈАВНА ТЕЛЕВИЗИЈА?

Што е, всушност, јавна телевизија? Кои функции треба да ги исполнува? Која е разликата помеѓу јавната и комерцијалната телевизија? Дали, најпосле, нашата МРТВ исполнува барем некои аспекти на функцијата јавен сервис, поради којашто постои и поради која ја плаќаме?

Медиумските аналитичари Барнет и Доерти (во книгата Public service broadcasting: crisis or crossroads?, 1986) поставуваат осум основни принципи и услови за постоење на јавна телевизија:

  • територијална единственост - емитуваните програми треба да бидат достапни на целокупното население;
  • општа привлечност - програмите мораат да задоволуваат разнородни вкусови и интереси;
  • единствен начин на плаќање - барем една главна ТВ организација мораат подеднакво да ја плаќаат сите корисници на телевизијата;
  • програмата мора да биде ослободена од парцијалните интереси, а посебно од интересите на актуелната власт;
  • медиумите мораат да бидат свесни за својата посебна врска со чувството за општествен идентитет и заедништво;
  • малцинствата, особено оние што се загрозени, мораат да добијат посебен третман;
  • програмата треба да биде направена така за да ја поттикнува конкуренцијата во создавањето на подобри, а не на помногубројни емисии;
  • општите насоки на програмата треба да дејствуваат во правец на ослободување, а не ограничување на оние што ја создаваат програмата.

Од овие осум принципи МРТВ делумно исполнува два: релативно широка покриеност на територијата на Северна Македонија и каква-таква програма за малцинствата. Другите принципи за тоа што значи јавен сервис МРТВ речиси не ги третира, а посебно загрижува занемарувањето на најважното: независноста од власта, квалитетот на програмата и ослободувањето на новинарите низ нивно поттикнување да создаваат високопрофесионална и разнородна програмска содржина. МРТВ потфрла дури и при она што се смета за најелементарна особина на јавниот сервис: да го поттикнува заедништвото во едно општество. Згора на сè, кај нас е нестабилно и нејасно и финансирањето на јавниот телевизиски сервис.

Коментари и превод: Никола Гелевски

Гиф: Мирјана Лозановска и Александар Јосифовски


Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото