Медиум на друм (42): Како се множеле телевизорите

10.02.2020 22:13
Медиум на друм (42): Како се множеле телевизорите

Од 1913 до 1973 просечното школување по жител (на возраст меѓу 15 и 64 години) пораснало од осум на петнаесет години во САД; од седум на дванаесет години во Франција; од осум на дванаесет години во Германија; од девет на дванаесет во Велика Британија; од пет на дванаесет во Јапонија; од три на осум во Италија.

Овој пораст на образованието на читачката публика го следи една исклучителна новина, која ќе ги измени не само системот на средствата на комуникација туку и самите навики на луѓето: бројноста на телевизиските апарати. Според статистиките на Унеско, помеѓу 1960 и 1987 година бројот на телевизори на планетата расте од 87 на 736 милиони, односно од 39 на 147 телевизори на илјада жители.

Меѓутоа, оваа експанзија на телевизијата е многу невоедначена и четири петини од телевизорите се во развиениот свет. САД водат во тој развој: имено, бројот на телевизори расте од 30.000 (1947) на четири милиони (1950), петнаесет милиони (1952), триесет и пет милиони (1961). Две години подоцна во Франција има три и пол милиони телевизори, во Италија четири, во Западна Германија седум и пол и во Велика Британија дванаесет и пол. Во средината на седумдесеттите години, повеќе од половина американски граѓани на Европа и Австралија имаат по еден телевизор; меѓутоа, во Латинска Америка (84 телевизори на илјада жители), Азија (25), Африка (6), тие тогаш сѐ уште биле тешко достапни.

Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Nicolas Monterrat
Извор: Џовани Гоцини, Историја на новинарството, 2000

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото