1021 hPa
36 %

24 °C
Скопје - Пон, 28.04.2025 16:59
Демократската нација мора да се конституира во дисконтинуитет со својата сопствена историја.
Агнеш Хелер
„СВЕТИТЕ НЕШТА НА ТАТКОВИНАТА“
Ниче вели дека најзанимливите и најлудите историски епохи се оние во кои комедијантите од сите видови станале вистински господари. Во секој случај не верувам дека имал причини да биде поблаг кон комедијата што дивееше и сè уште дивее во сенката на нашата висока европска цивилизација. Дотолку повеќе што самата историја, придружничката на човечките слабости, веќе по законот на подмитливоста е подготвена да лаже секогаш кога ќе се укаже пригода: а пригодите не се ретки.
***
Таинствената сила на кобната фраза за светите нешта на татковината, бога, уверувањата или принципите е едно од најмрачните историски страшила.
Мирослав Крлежа
Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Александар Јосифовски
Фотографиите се од филмот „Сталкер“ (Тарковски, 1979)
Рубриката „ЕУ река“ е финансирана од Фондацијата Отворено општество - Македонија.