1034 hPa
69 %

-1 °C
Скопје - Сре, 19.03.2025 06:59
Типична европска појава е дека најголемите европски вистини се изговорени под бесилки, на воени полиња, по апсани и голготи, а тие распнати и поплукани вистини стануваат европски знамиња и се виорат со векови. Имиња понижени и поплукани, имиња жигосани со презир и позитивни закони, имиња прегазени со цинизмот на јавното мислење како срамови стануваат европски светилници кои им светат на благодарните поколенија како единствена надеж во космосот. (...) Триесетина народи денес патуваат низ Европа, а секој од тие народи во рака го носи стаклениот лилјан на својата народна невиност. Заљубен сам во себе секој тој поединечен европски народ се движи напред со погледот насочен назад, кон своето таканаречено народно минато, како Дантеовите погрешни пророци со лицето завртено кон задникот во дваесеттото пеење на „Пеколот“.
Мирослав Крлежа, „Evropa danas“, 1935 г.
Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Kajetan Obarski
Рубриката „ЕУ река“ е финансирана од Фондацијата Отворено општество -
Македонија.