ЕУ река (7): Кога ни спиењето веќе не е приватно

25.12.2019 15:47
ЕУ река (7): Кога ни спиењето веќе не е приватно

(...) Потиснувањето на либерализмот заради создавање здрава расна заедница не било очигледно само по тоа што идеологијата доминирала над законот, туку и по тоа што политиката ги зафатила сите области на животот. Правото во нацистичката држава - дури и повеќе отколку во фашистичката - откри една нова власт којашто тоталитарната држава ја имаше над секој поединец, а што Хитлер го дефинираше како „севкупно право на власта со кое се уништуваат сите облици на автономија“. Разликата меѓу јавното и приватното која постоеше во буржоаското општество била доведена во прашање со тврдењето дека „во борбата за самозачувување која ја води германскиот народ веќе не постојат неполитички аспекти на животот“.

(...) Во семејствата, домот, дури и во потсвеста на луѓето, се беше вселил стравот од одмазда и надзор. „Беше девет навечер.“ Така започнува сонот на 45-годишниот германски лекар во 1934 година:

„Ги завршив консултациите и таман што прилегнав за да се опуштам со книга за Матијас Гриневалд, кога одеднаш ѕидовите на мојата соба а потоа и на целиот стан - исчезнаа. Се свртев околу себе и, ужаснат, открив дека станот веќе нема ниту еден ѕид. И тогаш слушнав глас преку мегафон: ’Според декретот донесен на 17 месецов за укинување на ѕидовите...’“

Запишувајќи го својот сон, лекарот потоа сонувал како го обвинуват за бележење на сништата. Ни спиењето веќе не било приватна работа.

Марк Мазовер, Мрачниот континент; Европа во 20-иот век

Избор и превод: Никола Гелевски

Гиф: Димитар Грчев

Фотографиите се од филмот „Конформист“ (Бертолучи, 1970)

Рубриката „ЕУ река“ е финансирана од Фондацијата Отворено општество - Македонија.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото