ЕУ река (6): Слабата демократска традиција води во тиранија

24.12.2019 16:20
ЕУ река (6): Слабата демократска традиција води во тиранија

Европската цивилизација се држи на триножец: едната нога е кафеана, втората е црква, третата е јавна куќа!
Луј Фердинанд Селин

 

Карл Лоуенстајн е еден од многуте кои уште во 1935-та година укажувале на тоа колку малку европски држави имаат вистинска демократска традиција. Според него, жителите на мал број држави имале подолга традиција на борба за народна слобода. Зарем историјата на источна Европа тогаш не покажуваше како демократијата е подарок во последен миг - ако не и наметната одлука - на победниците во Версај, а не резултат на ангажман на народот? Дали е, тогаш, чудно што луѓето толку мирно ја прифаќаат загубата на нешто за што и не се бореле? Слабите корени на демократијата во европската политичка традиција помагаат да се објасни зошто антилибералните режими се воспоставени со таква леснотија и со толку малку противење.

Марк Мазовер, Мрачниот континент; Европа во 20-иот век

Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Димитар Грчев
Фотографиите се од филмот „Конформист“ (Бертолучи, 1970)

Рубриката „ЕУ река“ е финансирана од Фондацијата Отворено општество - Македонија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото