Гости (монолог на бубамара)

09.01.2020 15:52

Ми бараат да повикам гости. А потоа потајно посакуваат тие некако да си заминат за ден-два.

(Ем гостите сити ем домаќините умерено уморни).

Ми пејат: Лет-лет бубамаро! – небаре не би летала без да ми наредат.

Ми заповедаат: Донеси ми гости! – а и самите знаат колку им олеснува кога тие одлетуваат кон своите гнезда.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото