Медиум на друм (40): Драматичната фотoграфија од Сајгон

06.02.2020 21:40
Adobe After Effects 8.0 Keyframe Data  	Units Per Second	12 	Source Width	491 	Source Height	396 	Source Pixel Aspect Ratio	1 	Comp Pixel Aspect Ratio	1  Transform	Position 	Frame	X pixels	Y pixels	Z pixels	 	0	270.5	198	0	   End of Keyframe Data

 

За бејби-бум генерацијата, протагонистите од шеесет и осмата, општеството на информации и глобалното село претставуваат неопходни предуслови без кои движењата и побуните од тие години не ќе беа можни. Она што храбрите истражувања, на почетокот на шеесеттите години водени од Халерстам, не успеаја – да ја убедат американската публика во недемократската природа на јужновиетнамската влада – речиси моментално ѝ успеа на фотографијата што во 1968 ја сними фоторепортерот на Асошиејтед прес, Еди Адамс (добитник на Пулицеровата награда таа година). На фотографијата е прикажан шефот на сајгонската полиција како на улица пука во главата на уапсен цивил.

Пренесена на американските телевизиски мрежи, а утредента во најголемите дневни весници, таа драматична слика одигра важна улога – иако не само таа, се разбира - и ја раздрма сигурноста на јавното мислење во поглед на оправданоста и користа на американските интервенции. Помеѓу јануари и април 1968, според истражувањата на Галуп, бројот на Американци кои биле против војната пораснал од 28% на 42% и станал релативно мнозински. Како што веднаш забележал Меклуан, во глобалното село војната „влегува во дневната соба“ и веќе не дозволува неутралност.

 

 

Текстот го уреди: Никола Гелевски

Гиф: Димитар Грчев и Александар Јосифовски

Фотографија: Еди Адамс

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

Слични содржини

Општество / Активизам / Gif / Книжевност
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif
Општество / Активизам / Gif

ОкоБоли главаВицФото