Минлива фабрика за процесирање глуварчиња

10.03.2020 12:14
Минлива фабрика за процесирање глуварчиња

 Дводневната инсталација насловена „Глуварчиња“ во Калифорнија им овозможува на посетителите да поднесат барања за своите тајни желби.

Инсталацијата е изведена во административна зграда на електрична постојка. Пространата градба е претворена во установа за процесирање желби, каде тие се подложуваат на испитување и анализа.

Авторите на проектот велат дека установата „Глуварчиња“ е местото каде белите пуфкасти семиња дувнати од сонувачите завршуваат на крајот. И, излегува дека желбите не секогаш се остваруваат. Таму семињата се анализираат на логичен, квантитативен начин од зафатени бирократи низ чии раце минуваат милиони желби кои допловиле до нивните простории.Оние кои сакаат да ги поднесат своите желби лично, добиваат билет и се испратени во административната зграда каде груба вработена на шалтер бара да ги опишат своите желби изоставувајќи ги специфичните детали. Прашањата се општи како: Дали желбата може да се категоризира како алтруистична или себична?; Дали се однесува на романтичниот или професионалниот живот? Потоа странките продолжуваат со пополнување анкета на стар компјутер од деведесеттите. Анкетата завршува со барањето странката да оцени колку е среќен на ниво од 1 до 100. На крајот добива глуварче со кое ја испраќа својата желба низ систем на цевки кои се насловени „полн погодок“ или „тешко остварливо“.














Извор: https://www.thisiscolossal.com/

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото