Мустаќите прават разлика

23.11.10 16:12

Интересна рекламна кампања чија цел е собирање донации за сингапурскиот Фонд за истражување на ракот на простата.

На интернет страницата mosmakeadifference.com тие велат дека низ историјата, познатите историски фигури, ликови и личности имале едно нешто заедничко – сите носеле мустаќи како знак за мажественост. Најпрепознатливиот симбол. И прашуваат: дали без мустаќите овие фигури ќе го постигнеле она што го постигнале?

И истовремено нè повикуваат – да пуштиме мустаќи со цел да се разликуваме од останатите, и да бидеме храбри и да донираме во добротвотни цели, т.е. да му помогнеме на сингапурскиот Фонд за истражување на ракот на простата.

 

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW

 

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW

ОкоБоли главаВицФото