Екстравагантни маски како истражување на идентитетот

07.04.2020 15:23
Екстравагантни маски како истражување на идентитетот

Проектот threadstories ја истражува тензијата помеѓу современите прикази на јавниот и приватниот живот. Ирската уметница прави автопортрети на сива позадина со рачно изработени маски кои речиси целосно го покриваат нејзиното лице.

„Работам интутитивно, без однапред осмислен дизајн или скица – размислувам со рацете. За мене, уметничкото дело е фотографијата или филмот, а не физичката маска. Не создавам како што би создавал моден дизајнер.“

Секое од делата служи како визуелна репрезентација на тоа како луѓето ги затскриваат своите животи, намерно и ненамерно. Маските се некогаш монструозни, друг пат фарсични фасади што реферираат на перформативната природа култивирана од социјалните медиуми.

threadstories испрашува како ерозијата на личната приватност во дигиталната ера го обликува начинот на кој се гледаме и се портретираме себеси онлајн. Маските го спречуваат гледачот да ја види целосната приказна реферирајќи на курираните или лажни карактери кои ги среќаваме секојдневно.















Извор: thisiscolossal.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото