За 27 април, 2017.

27.04.2020 18:39
За 27 април 2017

1. Кулминација на насилничкото однесување на една квазипатриотска партија и еден диктатор кој не сакаше мирно и демократски да ја предаде власта на новосоздаденото парламентарно мнозинство и ја втурна државата во најголемата политичка и економска криза по 2001.

2. Обид за убиство на неколку пратеници со цел физички да се елиминира парламентарното мнозинство и да се предизвика етнички и граѓански конфликт од пошироки размери.

3. Морално и криминално срозување на т.н. „граѓанска иницијатива Четврт Илинден“ која занавек го посрамоти ем Илинден, ем изразот „граѓанска иницијатива“.

4. Врв на неколкумесечната хејтерска кампања против, „федерализацијата“, „кантонизацијата“, „соросоидите“, „предавниците“ и „странските платеници“ - која заврши со хорско пеење на „Нека разберат клетите Шиптари....“ во собраниската хала.

5. Најниско паѓање на квазиинтелектуалните слуги на груевизмот кои на грујовизиите бесрамно се обидуваа да го оправдаат бруталното насилство, и додека се случуваше, и подоцна кога насилниците и организаторите беа изведени пред суд.

Три години по 27 април е широка тема за размислување.
Ама, неколку работи се извесни:

1) Владејачките партии не се обидуваат сосила да ја задржат власта, туку распишаа избори (одложени поради пандемијата).

2) Диктаторот избега од правдата и дузината судења за неговите криминални недела, а тие кои го послушаа неговиот повик да не седат дома по папучи сеуште не можат да ја осознаат својата „историска“ улога како „искористени куртони“.

3) Македонија ги решава проблемите со соседите, стана членка на НАТО, започнува интегрирање во ЕУ, а не стана ниту федерализирана, ниту кантонизирана, како што заплашува квазипатриотите.

Да не се повтори никогаш диктатура и обид за насилно останување на власт без обезбедено парламентарно мнозинство!

Фотографии: Ѓ. Личовски и Огнен Чанчаревиќ