Фондацијата Отворено општество ги поддржа граѓанските организации со 190 илјади долари

27.05.2020 13:48
Фондацијата Отворено општество ги поддржа граѓанските организации со 190 илјади долари

Фондацијата Отворено општество - Македонија обезбеди поддршка од 190.000 долари за да овозможи услови за работа, во време на криза, за граѓанските организации кои се клучен сегмент во едно демократско општество, а кои се погодени од вонредната состојба, како и останатите сегменти од општеството.

Финансиска поддршка добиле над 35 граѓански организации кои ја следат работата на институциите во областите борба против корупција, правосудство, спречување на дискриминација, заштита на животната средина, трошење на јавни пари и урбанистичко планирање и кои придонесуваат кон заштита и промоција на вредностите на отвореното општество.

„Предизвиците за отвореното општество кои пред нас ги постави епидемијата со COVID-19 бараат агилност, брза реакција и флексибилност. Препознавајќи ја итноста на ситуацијата, во услови на намалена финансиска поддршка за граѓанското општество, Фондацијата Отворено општество – Македонија продолжува посветено да работи на негов развој и поддршка.

Обезбедивме поддршка во вкупна вредност од 190.000 долари, со цел да овозможиме услови за работа, во време на криза, за граѓанските организации кои се клучен сегмент во едно демократско општество, а кои се погодени од вонредната состојба, како и останатите сегменти од општеството.

Грант-шемите вклучуваат и ќе овозможат следење на институциите и функционалноста на системот во услови на криза во областите борба против корупција, судство и спречување и заштита од дискриминација, кои се приоритети во процесот на пристапување во ЕУ. На овој начин граѓанските организации ќе продолжат активно да ги набљудуваат процесите во кризниот и пост-кризниот период, и ќе реагираат со цел подобрување на политиките и практиките во овие области.

Воедно дел од средствата ќе обезбедат поддршка за локалните граѓански организации во Битола, Тетово и Штип за надгледување на локалните власти во областите животната средина, трошење на јавни пари и урбанистичко планирање и за застапување кое се базира на барањата и приоритетите на граѓаните.

Финансиска поддршка добија над 35 граѓански организации кои активно работат и придонесуваат кон заштита и промоција на вредностите на отвореното општество.

Ние во Фондацијата Отворено општество – Македонија остануваме посветени на развојот на граѓанското општество и заложбата за активно учество на граѓаните во општеството – во креирањето на политики и практики кои придонесуваат кон унапредување на владеењето на правото и доброто управување и кои ќе овозможат слободно, демократско, мултикултурно и мултиетничко општество во кое има место за сите“, се вели во соопштението на Фондацијата. 

ОкоБоли главаВицФото