Политичарките секојдневно се соочуваат со малтретирање на интернет

08.06.2020 00:38
Политичарките секојдневно се соочуваат со малтретирање на интернет

Замислете дека секој ден на својот телефон добивате насилнички пораки.

Жените во политиката прозборуваа за своите искуства во соочувањето со сексизмот и омразата на социјалните мрежи како реакции на изразувањето на нивните политички ставови.

Чваре Тег, добротворна организација за родова рамниправност, изрази загриженост дека злоставувањето на интернет ќе одврати голем број жени од кандидирање на избори.

Две млади политичарки прозбореа за своите искуства.

Една членка на Лабуристичката партија, која сака да остане анонимна, рече дека на социјалните мрежи секојдневно се соочува со сексистички напади.

„Ме нарекуваат курва, ми пишуваат дека сум проститутка, дека треба да ги покријам градите, дека сум неинтелигентна, дека сум идиотка и - мојот најдраг коментар - дека е подобро да печам колачи. Тврдат дека сум необразована, дека нема што да правам во политиката - пораките се повторуваат секојдневно“.

Рече дека исто така доживеала мизогинија од колеги политичари, но не пријавила ниеден инцидент „зашто нема смисла“.

„Имав искуства со пратеници кои се обидуваа да ме бакнат, да ме повечат на страна со зборовите „знаете, ако не спиете со мене, нема да дотуркате далеку“, рече таа.

„Бесна сум. И се плашам. Заради вознемиреноста долго се дистанцирав од социјалните мрежи. Но свесна сум дека тоа, лично, можам да го занемарам, но постојат млади девојки кои сега влегуваат во политиката, а кои можеби ги немаат истите механизми на соочување. Лута сум заради нив, зашто таквите нешта можат да ја исплашат личноста. Ако те напаѓаат толку, почнуваш да веруваш во тоа што го зборуваат, и ужасно е“.

Јас, членка на Либералните демократи, рече дека на социјалните мрежи почнал да се споменува нејзиниот љубовен живот.

„Добивам смртни закани, малтретирачки пораки или едноставно навистина непристојни коментари за мојот изглед, за мојата личност или за политичките ставови што ги застапувам. Многу е лошо“, рече.

„И мојот сексуален живот е актуелна тема. Пишуваат дека сум проститутка, дека сум курва и слично. Дури и заради ставовите што ги застапувам ме нарекуваат идиотка или ретардирана. Таквите коментари немаат крај. Добивам барем по три такви пораки неделно. Мислам дека тоа е премногу за една млада личност“.

Јас се пожалила, но рече дека партијата не може да направи многу.

„Постапката за жалба во нашата партија во моментов не функционира добро. Застарена е“, рече таа. „Имаме многу сериозни жалби кои не се решаваа како што треба, така што помалите приговори не доаѓаат предвид. Во поглед на партиите и известувањето, тоа не го прават многу луѓе, зашто не може да се направи многу.“

Хелен Антониаци од Чваре тег рече дека постои ризик злоставувањето на социјалните мрежи да ги обесхрабри жените кои сакаат да се занимаваат со политика.

„Постои страв дека сѐ помалку жени ќе се кандидираат за политички позиции заради стравот од злоставување. Улогата на општеството е да обезбеди злоставувањето да не се смета за прифатливо, така што жените ќе се почувствуваат способни да учествуваат во политиката и да ги изразат своите ставови.“

Гласноговорникот на Лабуристичката партија рече дека партијата ги сфатила мошне сериозно сите жалби за злоставување и вознемирување преку интернет или лично. „Сите жалби се целосно истражени и се преземаат соодветни дисциплински мерки“, додаде тој.

Во меѓувреме, Либералните демократи рекоа дека партијата сериозно ги сфаќа овие прашања и дека ги истражува сите поплаки. Исто така рекоа дека во партиите постојат организации кои ги поддржуваат жените и младите, помагајќи им при соочувањето со злоставувањето на социјалните мрежи.

Слики: Andrea Mindell

Извор: https://www.libela.org

 

ОкоБоли главаВицФото