Почина режисерот Игор Вук Торбица

18.06.2020 11:24
Почина режисерот Игов Вук Торбица

Еден од најдобрите српски и балкански театарски режисери од помладата генерација, Игор Вук Торбица, почина синоќа во Ровињ. Тој требаше да работи претстава во Загрепскиот театар на млади (ЗКМ), како што дознаваат српски медиуми, оставил проштално писмо.

„Игор Вук Торбица, театарски режисер, нè напушти на 33-годишна возраст. Роден во Дрвар (1987), израснат во Ровињ, се школувал, живеел и работел во Белград, како и во многу од најзначајните театри низ целиот регион.
Во градот што го сакаше и избра, тој ги направи некои од неговите најдобри претстави, како и во Загреб, Љубљана, Нови Сад, Риека, Сомбор, Битола“, се наведува во соопштението од семејството и пријателите на режисерот.

„Хинкеман“, „Царство на темнината“, „Мизантроп“, „Тартиф“, „Тит Андроник“, „Бакхе“, „Крвави свадби“, се некои од насловите по кои ќе го паметиме. А ќе го паметиме и по нешто многу поголемо. „По силата и страста да всади љубов кон театарот и животот, во срцата на сите нас што го запознавме“, се додава во соопштението.

 

 Извор: РТС

ОкоБоли главаВицФото