Почина актерот Жан Пол Белмондо

06.09.2021 17:33
Почина актерот Жан Пол Белмондо

Легендарниот француски актер Жан Пол Белмондо почина денеска (6 септември) на 88-годишна возраст.

Белмондо се прослави во улогите во 1960 -тите години во француските филмови на „Новиот бран“. Белмондо, наречен Бебел од француската публика стана една од најголемите ѕвезди во 60-тите и 70-тите години, а неправилните црти на неговото лице беа во остар контраст со извајаниот лик на неговиот ривал и понекогаш соработник, актерот Ален Делон.

Особено импресивни се неговите улоги на симпатичен криминалец во култните филмови „До последен здив“, „Жената е жена“ и „Лудиот Пјер“ на Жан-Лук Годар. Има глумено во повеќе од 80 филмови, меѓу кои се „Професионалецот“, „Чочара“, „Човекот од Рио“, „Аферата Стависки“, „Ас над асовите“, „Борсалино“, како и четириесетина театарски улоги.

Белмондо е роден на 9 април 1933 година во предградие на Париз.

Улогата на ситниот циничен гангстер Мишел во култното дело на Годар „До последен здив“, тогаш 26-годишниот Белмондо преку ноќ ќе го вивне во ѕвездите.

Пред 20 години, доживеа мозочен удар по што се пензионираше, за да се врати во 2008 година со улога во филмот „Човекот и неговото куче“.

ОкоБоли главаВицФото