Пожолте Вардар кај Долно Лисиче, инспекторите се на терен

15.07.2020 12:38
Пожолте Вардар кај Долно Лисиче, инспекторите се на терен

На социјалните мрежи од утрово (15 јули) почнаа да се споделуваат фотографии од реката Вардар, во делот на Долно Лисиче, каде водата е обоена во жолто-кафеава боја.

Од Инспекторатот на Град Скопје преку нивната Фејсбук страница, посочија дека во координација со директорот на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) се испратени инспектори на терен.

Во координација со директорот на ДИЖС испратени се инспектори на терен. Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат овој пат казната ќе биде многу поригорозна. Минатиот пат правниот субјект беше казнет со 100.000евра. Се работи за река Вардар кај Долно Лисиче.

„Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат, овој пат казната ќе биде многу поригорозна. Минатиот пат правниот субјект беше казнет со 100.000 евра“, стои во објавата на Инспекторатот.

Сличен инцидент се случи во септември, минатата година, кога фирмата „Арцелор Митал“, од неодамна преземена од „Либерти Хаус Груп“, ја загади реката Вардар со испуштање на отпадни води со хемикалии во канализациониот одвод. Фирмата тогаш беше казнета со забрана за дејност на погонот кој ја предизвикал хаваријата, во времетраење од 90 дена и беше најавена казна од 70.000 до 100.000 евра

Извор: Радио МОФ 

Слични содржини

Јавни простори / Екологија
Европа / Балкан / Екологија
Општество / Свет / Екологија
Јавни простори / Наука / Екологија
Свет / Наука / Екологија

ОкоБоли главаВицФото