Фиберглас и Плексиглас

07.08.2020 10:03
Фиберглас и Плексиглас

Мала драмска игра, во двоглас (може и за радио или друг тип на разглас).

Сцена: стакла & огледала.

Играат (може и како кукли): Фиберглас и Плексиглас.

 

Фиберглас: Ти си курназ, Плексиглас, и гнас.

Плексиглас (грицкајќи ананас): А ја, па, се осеќам ко ирвас.

Фиберглас: У фаца ти кажуам, анфас: се однесуаш ко џамбас.

Плексиглас: Јас џамбас? И гнас?! Намали глас, намали гас, Фиберглас. Да не си под дејство на пивоквас?!

Фиберглас: Не мене туку тебе ти фали компас у глаа, Плексиглас.

Плексиглас (од негде вадејќи колбас): И у стомак панкреас?!

Фиберглас: И вага, и тас...

Плексиглас (пеејќи): Во овој час, ни фалат нас, ни фалат вас, компас и вага за стас, то ест спас... (престанува да пее) А ти мааш под појас, Фиберглас.

Фиберглас: Не, туку ти дааам сигнал и пас, Плексиглас.

Плексиглас: Добро, ако сакаш така: безбоен си ко штрас, Фиберглас.

Фиберглас (гледа стаписано, ко ненадејно фатен од ишијас): Работава испадна ѓурултија, галиматијас...

Плексиглас (пеејќи): Гали-мати-јас, ти и ја - ѓурултија... О ти, Фортинбрас-Фиберглас, со лажна страст, за спас, доаѓаш овде, заправо - ко ужааас...

Фиберглас (изнервиран): Трас-пљас! Ќе те скршам од ќотек, Плексиглас!

Плексиглас: Пљас-мљац! А јас тебе ќе те парчосам и изедам, Фиберглас!

(затемнување, се слуша само кршење на стакло, трас, пљас и мљац)

***

(после некое време; атмосфера „Чекајќи го Годо“ или „Розенкранц и Гилдерстен се мртви“)

Фиберглас: Сега треба да купиме двоглед.

Плексиглас: И? Што понатаму?!

Фиберглас: Ќе видиме што понатаму.


Слики: Mark Bryan

 

Слични содржини

Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански

ОкоБоли главаВицФото