Деколонијалниот атлас

21.08.2020 00:13
Деколонијалниот атлас

Другари археолози, антрополози, етнолози, што мислите за оваа објава? Го сакам The Decolonial Atlas и мислам дека вредно работат со антиколонијалната картографија, но ова ми пречи.

1. Судејќи според сѐ што читав досега, нема подобро објаснување како првите луѓе ја населиле Америка од хипотезата за Беринговиот теснец, односно хипотеза дека дошле од Сибир преку копно. Сеедно е дали тоа се случило преку овој коридор или по должина на брегот, дали тоа се случило пред 13 или 30 илјади години, дали користеле бродови или не. Теоријата на Беринговиот теснец не може да се отфрли туку така.

2. Зошто на американските расисти би им одела во прилог теоријата дека Американските староседелци (Ескимите, Команчите, Сиуксите, Навахо, Маите, Ацтеките итн.) дошле во Америка пред 13 илјади години? Дали дошле пред 13, пред 30 и пред 100 илјади години - е исто, зарем не - геноцидот е геноцид?

3. Ако ја отфрлиме теоријата за Беринговиот теснец, што ни останува? Можеби дошле со чамци преку Полинезија - тоа би било величествено кул ако се докаже! - но, судејќи според сѐ што знам, не е веројатно.

4. Ако ги отфрлиме и Беринг и полинезиските гусари со супермоќи, ни останува хипотезата за мултирегионално потекло, која тврди дека човечката еволуција не се случувала во рамки на еден вид туку кај неколку видови, односно дека луѓето се појавувале на повеќе места на планетата. Поблагите облици на оваа теорија го признаваат африканското потекло на луѓето (хипотезата за мешање со Неандерталците преминува во мејнстрим), но постојат и оние со потврди тврдења: не настанале сите луѓе во Африка, белците не настанале во Африка туку во Европа и Сибир, таму биле отсекогаш итн. Освен што е инхерентно расистичка, речиси сите потврдени наоди ја соборуваат оваа теорија и зборуваат во прилог на моделот „од Африка“.

5. Тоа е она што ме плаши. Кога администраторите на оваа антиколонијална страница велат „отсекогаш биле тука“, зарем тоа не е алузија на мултирегионалното потекло: Американските староседелци настанале и еволуирале во Америка, не се дојденци како белците, имаат автентично право на земјата.

6. Зарем тоа не е слично на аргументот на кој било балкански националист, кој се обидува да докаже дека неговиот народ е „најстар“ и дека со самото тоа има автентично право на земјата (Косово, Секели, Војводина, Македонија, Кордун, Лика, итн)?

Знам дека постколонијалната теорија е далеку помудра од есенцијалистичкиот Ризик (розеви тенкчиња и сини тенкчиња), но интерпретациите на линијата „отсекогаш сме биле тука“ не се ретки. Мислам дека ако не сме во состојба да се оттргнеме од расниот есенцијализам и етноцентризмот, подобро да не бидеме ни антиколонијални.

Се сеќавам на една конференција во Германија на која имав прилика да слушам една професорка по книжевност од една карипска земја, црнкиња и активистка, која зборуваше за автентичното црно право на земјата со толку брутална страст и поетски аргументи што необично ме потсети на реториката на Радован Караџиќ - колективното несвесно на автентичното српско битие и тополите кои плачат над сараево. Морничаво.

Слики: Warren Dykeman

Извор: Фејсбук

ОкоБоли главаВицФото