Честитка

26.08.2020 12:01

Залудно очекувате дека ќе зборувам како сте безвредни, пропаднати, никаквец, глупак, платеник. Толку сум нежен само спрема себеси. Вие ги сакате моите најсочни зборови! Оние коишто Бог мене ми ги зборува од мигот кога со раѓањето ме покрил врз главата.

Напред во рамнодушност! Одете и задушувајте се во задоволството на својот мошне успешен живот.

Ви го симнувам својот шешир, но не ви го дарувам мракот во него. Од него (мракот-глупак, слепец, незнајко, кукавица, итн.) и штогоде материјалите ќе направам играчка. Каква? Каков рог? Не знам. Допрва ќе се намракомрачувам. А вие не сте за друго туку да ве ценат, сакаат и да ви посакаат долг живот.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото