Во чеканот

06.09.2020 11:53

Чек, чек, чек - чеканот не е мек.

Во чеканот сто тупаници,
сто тупаници - сто морници,
во чеканот сто ковачи,
сто мускули од борачи,
сто боксерски ракавици.

Земи ја раката на чеканот.

Грабни го како дивјак,
Од клинецот ќе бидеш појак!
Фати го од рамото стамено
и ќе бидеш појак од каменот.

Чек, чек, чек - чеканот не е мек.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански

ОкоБоли главаВицФото