За спас на Матејче!

18.09.2020 10:56
За спас на Матејче!

Манастирот Матејче прв пат го посетив во 1979 година, неполна година после моето вработување во Републичкиот завод за заштита на споменици на културата. Сама, на службена задача! Каква опасна авантура беше тоа!

Веќе во 1981 година,повторно бев во Матејче. Изработувавме детална документација за споменикот (дескриптивна и фото документација на архитектурата и фреско живопиост). Во 1983 година, веќе вршевме истражувачки работи за изработка на Проект за реконструкија на покривот. Тогаш прв пат се качив на кровот...не ми беше страв...Последен пат бев во Матејче во 2003 година, кога се вршеа археолошките истражувања...и ова беше опасна авантура!

Но,веројатно малкумина знаат дека освен големата манастирска црква посветена на Св.Богородица, во самото село е сочувана и една мала, скромна црква посветена на Св.Ѓорги. Првпат ја посетив на почетокот на деведесеттите години. Беше целосно запуштена со искршена влезна врата и кров кој прокиснуваше. Внатре полна со отпадоци, прашина...направивме извештај за состојбата и од фондот за превентивна заштита кој беше постојано отворен за итни интервенции, го саниравме покривот и поставивме нова влезна врата. Но, за жал вратата беше неколку пати демолирана а керамидите искршени...внатрешноста прекопана. Ја публикував во 1993 година.Не знам каква е состојбата денес....

Црква Св.Богородица Матејче
Манастир Матејче ц.р.65,Реш.бр. 37 од 10.02.1953 год.Централен завод, Скопје
Мат.бр. на објектот: 4-817-062/004 Р НД

Манстирот Матејче со црква посветена на Св.Богородица е изграден во втората половина на XIV век на постаро култно место поврзано со црквата Св.Богородица Црногорска, чии темели со фрагменти на фреско живопис се откриени при археолошките ископувања во 2003 година. Од времето на градење до денес претрпела бројни оштетувања и поправки.
Петокуполната црква е изградена околу 1345 година, како ктиторство на царицата Елена и претставува една од најголемите грдаби на Балканот. Во внатрешноста на црквата е сочувана една од најбогатите иконографски програми во средниот век, во која се вклучени четириесет насликани циклуси! Богатството на поединечни претстави, сцени и циклуси претставуваат дело на врвни сликари, формирани во работилницата на познатиот зограф Јован Теоријанос.

Црква Св.Ѓорги,с.Матејче
Црква “Св. Ѓорѓи” (ц.р. 1091)
Реш.бр. 08-321 од 01.03.2001 год. РЗЗСК, Скопје
Мат.бр. на објектот: 4-817-062/011 Р НД

Црквата Св.Ѓорги се наоѓа на крјот на селото Матејче над долот на Матеачка река и е една од ретките цркви кои се малку познати во научната јавност.Припаѓа на типот еднокорабни градби со кров на две води и најверојтно свод во внатрешноста кој во еден период бил срушен..Градена е од камен и тула во карактеристичниот opus cloissone..Од автентичната градба сочуван е поголем дел од јужниот ѕид, вклучително и нишата над влезот како и јужниот дел од источниот ѕид со дел од апсидата кои во внатрешноста се потврдени со сочувани остатоци на живопис како дел од некогашната сликарска целина.Во отсуство на пишани податоси за времето на градење, стилските карактеристики на архитектурата и сочуваниот живопис, овозможуваат релевантно датира ње во првата половина на XIV век(1320-1340г.)..Сочуваниот живопис во црквта во иконографско-догматска смисла претставува исклучително значаен примерок на средновековното сликарство со една од раните претстави на светите воини како Христови дворјани,членови на Небескиот двор. Во стилско ликовен поглед во обработката на ликовите и драпериите се забележува одредена архаична нота,карактеристична за живописот од XII век. Од аспект на архитектонски те и ликовни остварувања црквата претставува значаен примерок на средновековен храм кој спаѓа во групата на загрозени споменици во Македонија.

P.S.Приложените енциклопедиски податоци за двете цркви се извадок од отпочнатиот проект за Изработка на Листа на споменици од национално значење, составен дел на новиот закон за заштита кој како концепт е веќе завршен. Листата ќе биде отворена и во неа постојано ќе можат да се впишуваат нови споменици од недвижното, движното и нематеријалното наследство. Отпочната е првата фаза од работата на Листата на културно наследство од национално значење, со обработени вкупно 239 споменици и 3 збирки недвижно културно наследство. Од нив 43 археолошки локалитети, 117 христијански сакрални споменици, 3 музејски збирки, 20 исламски споменици, 13 објекти од современа архитектура, 11 монументални споменици од 20 век, 36 рурални целини.

Извор: Фејсбук профил на авторката

Фотографии: Фејсбук

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото