Видео на групата „Gibkiy Chaplin“

13.11.20 14:30

Интригантно видео на џез инди рок групата „Gibkiy Chaplin“. Песната првично беше објавена во 2019 година и оживеана со уникатната анимација на Александар Бубнов.

Раскажува приказна за човекот што суровиот есенски ветер ќе го одвее во едно необично кафуле, каде тој е вовлечен во чудниот свет на другите гости. Цртежот наликува на стиловите на Пикасо, а видеото е совршен спој на уметноста со џезот.

Бендот од Украина, „Гибкий Чаплинъ“ е формиран во 2015 година. Тие имаат објавено пет студиски албуми, вклучувајќи и еден на винил и собраа импресивен број на следбеници на социјалните мрежи. Нивниот звук се движи од алтернативна, арт-рок, џез-рок и рок музика, до поезија, неокласична музика, инди, експериментални и инструментални композиции. Карактеристика на групата е тоа што се инспирираат од духот на местата што ги посетуваат и каде ја создаваат и снимаат својата музика - Киев, Лондон, Париз, Венеција и Прага.

Извор: anrfactory.com

ОкоБоли главаВицФото