Илијада и Одисеја - илустрации

30.12.20 13:21

Малкумина уметници направија повеќе од американската двојка илустратори, Алис и Мартин Провенсен за на генерации деца им приближат различни приказни. Нивните живописни илустрации од средината на 20-от векот опфаќаат сè, од класични бајки до омаж за Вилијам Блејк.  Родена 1917 година, Алис ја живеела ерата на трагичната недоверба и непризнавање на женските уметници; таа го надживеала сопругот Мартин, кој почина во 1987 година, за повеќе од две децении и продолжила да работи.

Во 1956 година, њујоршката издавачка куќа „Golden Press“, која ја создаде  фантастичната едиција  „Мали златни книги“, им дадоа задача да ја илустрираат адаптацијата на Хомер за млади читатели. Така се роди „Илијада и Одисеја: џиновска златна книга“, прекрасно издание, голем формат, кој за жал,  сега е фрлен во некој трагичен агол на културата, но сепак може да се најде. Уживајте во безвременски прекрасните цртежи на Алис и Мартин Провенсен.

Извор: brainpickings.org