Божествата на старите Словени

03.04.2021 15:24
Божествата на старите Словени

Рускиот уметник Јаромир Великородов долги години се занимава со резби и скултпури на страословенските божества. Неговите дела ја имаат уметничката слобода која е неодминлива во овој вид скулптури бидејќи за митолошките суштества на старите Словени не постојат многу сочувани оригинални извори (пред сè затоа што статуите се работени во дрво), сепак се базираат и на истражувањата на старословенската култура со која се занимава со години.

Како што вели овој руски уметник, културата на старите Словени нему му е блиска по дух, а и по крв. Статуите се изработени од липово дрво и премачкани со маст и пчелин восок, според истиот начин како што се правеле во древните времиња.

Старите Словени овие статуи какви што изработува Великородов ги држеле во своите домови украсени со везени ткаенини. Еве неколку од тие митолошки суштества:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Дабог (Дајбог, Дажбог, Даждбог, Даба), (старосл. Dažьbogъ) е словенски бог кој на Земјата ѝ дава живот, затоа што истовремено е бог на Сонцето (сончевата топлина) и на дождот кои се најважните услови за опстанокот на луѓето.

Тој истовремено е и бог на подземниот свет и родоначaлник на Словените (луѓето)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Црнобог (Црн бог) е бог на ноќта и темнината од словенската митологија.

Црнобог е мoжеби најтаинственото словенско божество во врска со кое постојат многу претпоставки, но малку oд нив можат да бидат потврдени.

 

 

Хорс (старосл. Hъrsъ) е источноевропско божество со нејасна функција, веројатно бог на Сонцето. Негова дрвена статуа се наоѓала на брдо во Киев, покрај фигурите на боговите Перун, Дажбог, Стрибог, Симаргал и Мокош.

Се претпоставува дека ликот на тоа божество е формиран под влијание од југ. Понекогаш се појавува под името Сури (постои и хиндуистичко божество со истото име) односно Зорја. Древните Словени верувале дека синот на Сварог кова ново сонце и дека тогаш коњите на Сури го пренесуваат преку небото.

 

 

 

 

 

 

 

 

Јарило во митологијата на старите Словени е бог на пролетната вегетација и плодноста, а понекогаш бил поврзуван и со војната. Замислуван како исклучително убаво момче кое јава на бел коњ, во бела облека, босоног, накитен со полско цвеќе и свежи класје во рацете.

Заради тоа во различните пролетни обреди девојките биле облечени во бело со венчиња од цвеќе и јавале на бели коњи. Во негова слава биле правени кукли од слама и биле нарекувани со името на ова божество.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Лада - во старословенската митологија е божица на летото, љубовта и убавината. Според верувањата на старите Словени таа до пролетта живее во друг свет наречен Ириј и потоа се буди носејќи ја пролетта.
Името на божицата Лада прв пат се спомнува во перидот на ренесансата, кога словенските историчари под влијание на нивните италијански, француски и германски колеги почнале да покажуваат голем интерес за античката митологија. Некои од нив, особено чешките и полските историчари се обидувале да го изградат заборавениот старословенски пантеон на боговите.

 

 

 

 

 

 

 

 

Љељ се грижи за побратимството, а е син на Триглав и сопруг на Лада.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Мокош (старосл. Mokošь или уште и Мокоша, Мокошка) во итологијата на источните Словени била божица на плодноста, заштитничка на жените и женските работи, особено на ткаењето.

Нејзината древна претстава на бродото во Киев поставил кнезот Владимир, покрај статуите на богот Перун и останатите богови. Во северна Русија ја нарекуваат Мокуша и ја замислуваат како жена со голема глава и долги раце која доаѓа во куќите и ги надгледува ткаачки. Судејќи според топонимите, нејзиниот култ бил распостранет и кај западните Словени.

 

 

 

 

 

 

Морана (или Мора, Морена, Марана, Маржана) во старословенската традиција е симбол на смртта и зимата. Се појавуваво различни облици. Најчесто како убава девојка, многу бледа, со волчји заби и канџи.

Нејзиниот втор лик е оној како Баба Рога, стар грда вештерка.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Перун (страосл. Perunъ) е словенски бог на небото и непогодите (дождови, летни бури) односно бог громовник, некој вид на старословенски Зевс, на кој старите Словени најчесто му се обраќале во време на суша.

Негов ден бил четврток, а негов симбол е дрвото даб и перуниката.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Род е суштество од словенската митологија за кое меѓу проучувачите сè уште постои дилема дали се тоа претставува божество или митолошко суштество.

Со Род вообичаено се спомнуваат и Рожници или Рожањици.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Жива, во старословенската митологија е божица на животот. На главата има украс кој потсетува на сончеви зраци, имала само лесна наметка со голи гради и рамења.

Во левата рака држела класје жито, а во десната рака има овошка слична на јаболко.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сварог (старосл. Sovarogъ)е словенскиот бог на Сонцето кој дава животна топлина, а тој е и бог на домашното огниште (кое е замена за сонцето).

Се споменува само во еден извор - „Хроника“ на византискиот историчар Јован Малал.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Триглав во митологијата на балтичките Словени е троглаво божество, веројатно бог на војната. Но, како врховен бог тојј има тројна улога на божество кое извршува три функции: бог на раѓањето, божество на задгробниот живот, смертта и предците и бог на одржувањето на човечкиот живот.

Исто така, сличноста меѓу Световид и Триглав наведува на претпоставката дека се работи за истото божество, кое во различни краеви се нарекувало со различни имиња.

 

 

 

 

 

Стрибог, Стрибох (старосл. Stribogъ) е божество во источнословенската митологија. Сите ветрови се сметале за негови внуци. Неговата дрвена статуа се спомнува меѓу статуите кои стоеле на брегот во Киев, каде биле пронајдени и статуи на Перун, Хорс и Мокош. Бил претставуван како сед старец кој држи рог со кој ги буди ветровите, своите внуци. Животно што го симболизирала Стрибог е орелот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Велес или Волос (старосл. Velesъ, Volosъ) е словенски бог на полето, пасиштата и шумите, посевите, стоката и дивите животни. Негово животно е мечката, додека во христијанството неговата улога ја презел Свети Василиј.

Некои автори го сметаат и за бог на подземниот свет, а според некои е и заштитник на поезијата. По него е наречен еден од најконтроверзните списи од областа на старата словенска вера познат како Велесова книга.

 

 

Извор: vestinet.rs

 

Слични содржини

Книжевност / Уметност
Општество / Фотографија / Скопје 1963-2013 / Историја
Стрип / Култура / Историја
Книжевност / Стрип / Уметност
Фотографија / Живот / Култура / Уметност

ОкоБоли главаВицФото