Сон со бонтон

25.06.2021 14:24
Сон со бонтон

Си пробал ли ти
да леташ во сон,
да кроиш сам сни?

Соновен бонтон
ти е тоа чудо,
може нилски коњ

да научи џудо;
Глеј – змија скока
ко кенгур во трк,

фока јаде смока,
мустаќ сука штрк.
„Како се прави“,

се прашуваш ти,
„в сонливи глави
и во детски сни

свет да се стави
што не постои?“
Земи малку мрак –

Нека отстои...
Часовник навиј…
„Даладинг, штрак, штрак!“

В ќебе време завиј
и страк од сончев зрак.
Зев...тик-так...зев...тик-так...

илустрација: Ване Костуранов

 

ОкоБоли главаВицФото