Се бараат донации за спас на НУБ „Св. Климент Охридски“

26.08.2021 13:54
Се бара донации за спас на НУБ „Св. Климент Охридски“

Националната и универзитетска библиотека во Скопје основана сo одлука на АСНОМ во 1944 година, денес нема елементарни услови да ја извршува својата функција.
Министерката Стефоска, која минатиот месец го разреши Фримзим Даути од директорската функција, вели дека е формирана работна група за скенирање на состојбата на библиотеката и изготвување план за нејзина ревитализација.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, рече дека првичните проценки се дека само реновирањето на покривот би чинело околу 800 000 евра, а во меѓувреме се прави проценка на потребите за санација на целиот објект. Стефоска додаде дека почнува процесот за прогласување на библиотечниот материјал за културно наследство во опасност, статус кој ќе овозможи брзи интервенции за негово зачувување и соодветно чување, како и вложување во стручен кадар, во опрема и во збогатување на содржината на библиотечниот фонд.

Во оваа установа не функционира речиси ништо. Оставена на децениска институцонална негрижа, пропаѓа во влага и прашина.

Лифтот не работи, а поради инфраструктурните проблеми, дел од читалните се целосно затворени. Во оние што функционираат пак, сликата е поразителна.

Објектот на библиотеката е изграден во 1972 година и е дело на архитектот Петар Муличковски.

Стефоска ги повика и сите општествено одговорни компании и поединци да помогнат за спас на НУБ. „Веќе сме во разговори со одредени донатори зашто ова е голема работа и само сите заедно ќе успееме да ја кренеме на нозе Националната и универзитетска библиотека“, рече министерката.

Извор: 360 степени.мк

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото