Дајте ми подлост и ќе го мрднам светот

04.11.2021 10:33
Дајте ми подлост и ќе го мрднам светот

 

 

Хаосот е оплодувач на перспективи.

 

 

Дајте ми подлост и ќе го мрднам светот.

 

 

Не е ова натпревар, другари! Пуштете ме да победам.

 

 

Нема потреба да се караме, дечки. Јас сум во право.

 

 

Порано се знаеше кој победува, сега се изгубија предностите.

 

 

А што ако надежта не умира последна туку таа е таа која нѐ докрајчува?

 

 

Ма ајде не ми зборувај за Титаник, сантанистички чин.

 

 

Lepo se povredi.

 

 

Уметноста е психоголија.

 

 

Целата маска ќе ја носиш?

 

 

Ние за ѕвончето, ѕвончето на врата.

 

 

Немам трошено леб на пари.

 

 

Ама ништо не ме кошта да признаам дека немам скршен денар.

 

 

Од кај ви пари за банкомати, бе?

 

 

Обдукцијата покажа дека умрела од сплет на околности.

 

 

Не е битно ни средно ни факултет, во кризни ситуации се пакува само основното.

 

 

Студирај правен ко да нема поправен.

 

 

Толку ми се перпетуум мобиле пастите за заби, што кога ќе ми се дотроши пастата до крај, целата сум... Запрепастена!

 

 

До колку овци треба да изброи човек пред да си признае дека е неписмен?

 

 

...сѐ дур незнам не нѐ раздели.

 

Слики: Danny Romeril

 

ОкоБоли главаВицФото