Егзоним

10.12.2021 12:43
Егзоним

Егзоним (или ксеноним) е назив на град, земја, област итн. кој доаѓа однадвор (од старогрчките зборови έξω [ексо] — „надвор“ и όνομα [онома], „име“), што значи дека тој не одговара на името што го користат жителите на тоа место (спротивно на егзоним е ендоним или автоним - „самоименување“). Егзонимите првенствено се однесуваат на називи на географски поими (топоними), односно на ономастичките поими, вклучувајќи ги демонимите и етнонимите.

Егзонимот не се однесува на варијанти во разни јазици, така што, на пример, Шкупи (Скопје) на албански не е егзоним. Не се однесува ни на имиња кои поради преводот звучат различно но чуваат исто значење, како што се, на пример, Црна Гора и Монтенегро. Исто така не се однесува на вообичаените називи кои изгледаат како да немаат врска со изворното име; на пример, старото име за Венеција - Млеци - всушност потекнува од В’неци.

Еве неколку примери за егзоними во македонскиот јазик: Албанија (Шкиперија), Грција (Хелас), Солун (Тесалоники), Цариград (Истанбул), Холандија (Недерланд), Финска (Суом), Грузија (Сакартвело), Лапонија (Саами или Сапми/Сабми), Велс (Камри), Шкотска (Алба) итн.

Интересен е примерот на Германија (Deutschland). Во словенските јазици луѓето од Германија често се нарекуваат Немци, оти германските племиња не ги разбирале словенските јазици, па оттука и егзонимот што значи неми.
Егзонимот „Германија“ во македонскиот јазик влегол преку рускиот и е поврзан со англиското Germany - форми кои потекнуваат од римското име на овие земји, што се разликувало од галскиот збор за северните германски племиња, што најверојатно значи „сосед“. Францускиот егзоним за истата земја е Allemagne, а соодветниот ендоним на денешниот германски јазик е Deutschland.

Подготвил: П. В.

Слики: Errol Le Cain

 

 

Слични содржини

Општество / Графички Дизајн / Книжевност / Култура
Книжевност / Психологија / Живот / Култура
Книжевност / Култура / Историја
Општество / Книжевност / Култура

ОкоБоли главаВицФото