Sinking Photon - "Wired"

12.01.22 10:47

Sinking photon е проект на македонскиот композитор и поет Никола Наумовски.

Наумовски (1994, Куманово) дипломирал музика теорија и педагогија на Универзитетот „Гоце Делчев“. Неговата музика е експериментална и атмoсферична. Тоа е симбиоза од неколку музички жанови како џез, електронска, амбиентална, индустриска, неокласична музика и тн.
Sinking Photon е негов прв соло проект.

„Фразата Sinking Photon означува честичка на светлина која тоне. На овој музички проект избрав да се претставувам со ова име поради тоа што самата замисла за фотон кој тоне идеално ја симболизира идејата зад музиката која претставува движење низ човековите длабочини и опишува определена состојба на постоење“, изјавува Наумовски во интервју објавено на Wire Enterainment.

Wired e втор објавен сингл од неговиот прв албум, City of diluted lights.

Дизајн на лого: Фросина Милковска
Видео обработка: Никола Даниловски

  

Слични содржини

Музика / Око / Музички спотови
Музика / Око / Музички спотови

ОкоБоли главаВицФото