„Dynamo“ - нова песна од „Алембик“

01.07.21 13:38

Македонското дуо „Алембик“ ја претставија својата нова песна „Dynamo“.

„Ова е песна за вртењето – на светот, рингишпилот, плочата и слични кружни или тркалезни нешта“, велат „Алембик“.

Композицијата е на Ива Дамјановски создадена на клавијатури и термин, која е воедно и вокал, Виктор Танасковски е на бас гитара и е придружен вокал. Специјални гости се Филип Ефински на гитара и Емил Спиркоски на тапани.

Видео спотот е колаж од видео записи од архивата на Македонска Радио Телевизија. Режисер и монтажер на видео спотот е Дејан Јованов.

„Dynamo"

Со лесна аномалија
и тврдоглава творба,
формата ја менува,
тече без борба.
Против тежата победува,
под волја се шири
и веќе може
да е полнеж
и празнина

одненадеж
одеднаш
од надеж.

Гората гори
од првото дрво,
цветот го јаде црвот
и одново ‘рти -
и сепак се врти.

И денот се раѓа и умира во крв,
наутро блеска на исток како новороденче.
Небото ја носи бојата на неговиот лик,
а часовите ги носат неговите години.
Навечер сонцето се дави во сопствената крв и умира,
небото облекува црнина и пали илјадници свеќи за неговата душа.
Сенките, со погледи свртени нагоре, чекаат да се роди повторно од сопствената пепел.
//
Течејќи, водата менува форми.
Противтежата победува:
се празни, се полни.
Без причина и порив,
без зашто, без како.
Цветот го јаде црвот,
гората гори
од првото дрво
семето ‘рти.
Една камена грутка
и одбива и привлекува -

Сепак се врти.

Извор: Youtube

 

Слични содржини

Музика / Око / Музички спотови
Музика / Око / Музички спотови
Јавни простори / Фотографија / Око

ОкоБоли главаВицФото